Фото: Пиксабеј

Кина ќе го одложи спроведувањето на проширениот режим на лиценцирање за извоз на ретки земји за една година и ќе продолжи да купува значителните количини соја од САД, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесант, по дводневните трговски разговори со кинеската делагација во Куала Лумпур.

Претходно, кинеската страна објави дека е постигнат прелиминарен договор за трговскиот спор меѓу двете земји, но повеќе детали не беа соопштени.

Во интервју за телевизијата Cи-би-ес, Бесант најави дека новиот трговски договор треба да го објават претседателите на САД и на Кина, Доналд Трамп и Си Џинпинг на средбата во Јужна Кореја во четврток.

Американско – кинеските трговски разговори овој викенд во Малезија со цел решавање на меѓусебниот трговски спор, беа фокусирани на повеќе прашања, вклучувајќи ја кинеската контрола на извозот на ретки минерали и метали, како и американските царини за производите кои се увезуваат од Кина.