Германскиот канцелар ги поддржа нападите врз Иран
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека нема причина да ги критикува нападите на Израел и Соединетите Американски Држави врз Иран.
– Нема причина ние, ниту јас лично, да го критикуваме она што Израел го започна пред една недела, ниту пак има причина да го критикуваме она што Соединетите Американски Држави го направија минатиот викенд – рече Мерц на настан организиран од германската индустриска лоби-група БДИ.
Како што истакна тој, тоа не било без ризик, но оставањето на работите какви што биле исто така не било опција. Мерц рече дека е јасно оти Иран е на пат кон развој на нуклеарно оружје.
– Доказите дека Иран продолжува по патот на изградба на нуклеарно оружје повеќе не можат сериозно да се оспоруваат – нагласи тој.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц на тој начин отворено застана зад САД, кои бомбардираа три нуклеарни постројки во Иран во саботата вечер, придружувајќи му се на Израел на воените атаки што израелските вооружени сили ги започнаа на 13 јуни врз Иран. Р.С.