Белата куќа не се залага за промена на режимот во Русија, изјави денеска портпаролката на американскиот претседател Џозеф Бајден, Џен Псаки.
– Ние не заговараме атентат на странски лидер или промена на режимот. Тоа не е политика на САД – изјави Псаки пред новинарите.
Претходно, американскиот републикански сенатор Линдзи Греам повика некој во Русија да го убие претседателот Владимир Путин, пренесува МИА.