Белата куќа продолжи денеска да врши притисок врз Киев со цел завршување на војната со Украина, повикувајќи го да ги ублажи критиките и брзо да потпише договорот за ретки минерали.
– Мора да ги стишат критиките и добро да го проучат и потпишат тој договор. Отпорот на Украина кон договорот за минерали е едноставно неприфатлив со оглед на сè што направија САД за Украина – рече советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц во интервју за „Фокс њуз“.
Валц ги даде забелешките еден ден откако Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски разменија навреди.
Трамп го нарече Зеленски неизбран диктатор, а Зеленски одговори дека живее во балон од дезинформации и ги повторува аргументите на Москва.
Трамп побара од Украина да им врати на САД помош во облик на ретки минерали во вредност од 500 милијарди долари.
Зеленски одговори дека САД и дале на Украина 67 милијарди долари оружје и 31,5 милијарди долари буџетска поддршка, а не 500 милијарди долари и рече дека не може да ја продаде својата земја.
Сепак, Валц рече дека разликите меѓу САД и Украина не се непомирливи. -Претседателот исто така кажа колку го сака украинскиот народ – рече Валц.
Украина и европските лидери се лути што не без вклучени во мировните преговори што почнаа во вторникот во Ријад, откако Трамп и Путин телефонски разговараа минатата недела.
Валц негираше дека не биле консултирани сојузниците на САД и Украина.