Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјави дека прашањето за црквата сега реално е на дневен ред, бидејќи станува збор за важен проблем за државниот, националниот, културниот и верскиот идентитет на Црна Гора.
– Работата на Српската православна црква во однос на Црна Гора исто така го прави итно ова прашање – додал тој.
– Како што можеме да видиме, од највисоките кругови на СПЦ имаме навредлив однос кон Црна Гора како држава и однос кој преку активностите на филијалата на СПЦ во Црна Гора настојува да ги поништи сите вредности на модерна Црна Гора. Ние мора, според јазикот на историските факти и логика, втемелен во канонско право и водени од нашите интереси, да градиме општество со целосни слободи, вклучително и религиозни, да обезбедиме секој граѓанин да може да ги оствари своите верски права во црквата во која сака, а не во некоја што некој ја пропишува како монопол – изјави Ѓукановиќ за новинарите во Подгорица, а пренесе агенцијата „Танјуг“.