Апелацијата на Кривичниот трибунал во Хаг го осуди Шешељ на 10 години затвор. Тој е осуден по три точки од обвинението, а другите точки, меѓу кои е и здружениот злосторнички потфат, се отфрлени. Тој сеедно најави дека нема да оди во Хаг на изрекување на второстепената одлука, меѓутоа исто така додаде дека жив таму не се враќа.
Апелацискиот совет на Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали го осуди лидерот на Српската радикална странка Воислав Шешељ на 10 години затвор поради поттикнување на прогон и депортација како злосторства против човештвото.
Шешељ е осуден по три точки на обвинението, а другите точки, меѓу кои е и здружениот злосторнички потфат, се отфрлени.
Жалбениот совет на Механизмот, кој ја продолжи работата на Хашкиот трибунал, затворен во ноември минатата година, може првостепената пресуда да ја потврди, да ја преиначи или да наложи ново судење.
Воислав Шешељ претходно најави дека нема да оди во Хаг на изрекување на второстепената одлука. Со првостепената пресуда, судскиот совет на Хашкиот трибунал, на чело со судијата Жан Клод Антоанети, на 31 март 2016 година го ослободи Шешељ по сите девет точки на обвинението кое го товареше дека со говорот на омраза ги поттикнувал и ги поддржувал воените злосторства во Хрватска и во Босна и Херцеговина за време на воените судири, како и за протерување Хрвати од Војводина.
На таквата пресуда се жалеше Хашкото обвинителство, а Шешељ поднесе писмен одговор на жалбата.
Во врска со ова, вчера Апелацискиот совет на трибуналот ја објави второстепената одлука со која кривичниот трибунал во Хаг го осуди Шешељ на 10 години затвор. Интересно е дека Шешељ уште пред изрекување на пресудата на повеќе пати истакнал дека повеќе жив таму не се враќа. Како што стојат работите, сега повторно Србија ќе биде ставена на „жешкото столче“.