Грчкиот премиер Алексис Ципрас планира да објави воведување на нови финансиски бенефиции, како краен обид да го премости растечкиот јаз во поддршката, во однос на опозициската „Нова Демократија“, во пресрет на локалните избори кои ќе се одржат подоцна овој месец, пренесува „Екатимерини“.
Се очекува Ципрас денес, или најдоцна во текот на оваа недела, да прогласи низа олеснителни мерки во сума од 1,2 милијарди евра.
Според извештаите, мерките ќе се состојат од сплет на социјални придобивки, како на пример, 13-та пензија и даночни олеснувања. Мерките ќе бидат трајни и паричните бонуси нееднократни.
Но, за бенефитите кои Ципрас планира да ги воведе, не се очекува дека ќе биде доволна сумата од 1,2 милијарди евра, што предизвикува грижа кај кредиторите дека Грција би можела да застрани од предвидениот план за 2019 година.
Оваа грижа дава многу поголема тежина на неизбежните планови на Грција за влез на меѓународните пазари.