Во Босна и Херцеговина се наоѓаат од 75.000 до 80.000 мини на два отсто од целата територија, а од овие експлозивни направи се загрозени половина милион жители. Ова е соопштено на состанокот на заменик-министерот за одбрана на БиХ, Сеад Јусиќ, со претседавачот на Конвенцијата за забрана на противпешадиски мини, Ханс Братскар, и амбасадорот на Норвешка во БиХ, Гури Рустен.
На состанокот било констатирано земјите-потписнички на оваа конвенција да бидат целосно безбедни од мини до крајот на 2025 година, информираат од Министерството за одбрана на БиХ. За оваа цел, потребно е да биде усвоен амандманот на Законот за отстранување на мини во БиХ. Вооружените сили на БиХ се меѓу ретките војски во светот кои отстранувањето на мините го прават според строгите хуманитарни стандарди. Во координација со домашни и странски фирми, вооружените сили на БиХ го чистат теренот со 34 тима за мануелно деминирање, има осум тима за деминирање со помош на кучиња и три тима со машинско пребарување на теренот.