Претседателот на Косово, Хашим Тачи, изјави дека ќе се повлече од политичкиот живот.
– Нема да бидам кандидат за претседател на следните избори – рече Тачи за ТВ Сири, пренесува „Телеграф“.
За неколку месеци, не мислам дека повторно ќе се кандидирам за претседател. Ќе имам друг живот по две децении политичка одговорност, рече тој.
– Заминувам во околности кога земјата ќе биде во вистинската насока – рече претседателот на Косово.