Косовскиот премиер Рамуш Харадинај побара од надлежните институции во земјата интензивирање на работата за исполнување на реформите од европската агенда.
Харадинај по денешната седница на Меѓуминистерскиот совет за европски интеграции нагласи дека интегрирачката агенда е во интерес на сите.
– Европската агенда е наш интерес, но се надоврзува и со визната либерализација и го зголемува притисокот врз Владата за реализирање на европската агенда, рече Харадинај.