Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан во Виена изјави дека секој договор меѓу Србија и Косово треба да придонесе за мирот и стабилноста на Западниот Балкан и дека е постигнат напредок во дијалогот помеѓу Белград и Приштина, иако е премногу рано да се зборува за детали.
Хан ја даде оваа изјава пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на Европска унија во Виена, на кој ќе присуствуваат претставници на земјите-кандидати.
– Договорот меѓу Србија и Косово треба да го разработат лидерите на двете земји. Постигнат е напредок, но премногу е рано да се разговара за деталите. Јасно е дека секој договор мора да придонесе за мирот и стабилноста во регионот на Западен Балкан – истакна Хан, како што пренесе неговата портпаролка на Твитер.