Европскиот комесар за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан на средба со албаснкиот премиер Еди Рама во Тирана порача дека борбата против организираниот криминал и корупцијата останува приоритети во односите межу ЕУ и Албанија.
Во соопштението на Делегацијата на ЕУ во Тирана се нагласува дека Хан и Рама разговарале за напредокот во реформите поврзани со интеграцијата на земјата во ЕУ и за последните политички случувања во регонот.
Како што стои во соопштението, еврокомесарот изјавил дека е важно да се продолжи со добриот импулс забележан минатата година. Хан додал дека реформата во правосудството продолжува да дава резултати, истакнувајќи дека институционалната реформа на судството треба да заврши во следните неколку недели.
Високиот европски претставник ги истакнал неодамнешните активности против организираниот криминал, но посочил дека треба да се продолжи со гонење и казнувања на сторителите.
– Борбата против организираниот криминал и против корупцијата на сите нивоа остануваат приоритети во односите ЕУ-Албанија, изјавил Хан, изразувајќи при тоа загриженост поради се уште големиот број барања за азил од страна на албански граѓани.
Еврокомесарот истакнак дека конструктивниот политички дијалог меѓу сите политички партии и подготвеноста за заедничка работа во интерес на сите албански граѓани, е од суштинско значење за европската иднина на Албанија.
Тој упатил и апел до парламентарните политички партии да постигнат договор околу изборните реформи.