Американскиот претседател, Доналд Трамп, попотпишувањето на договорот меѓу Белград и Приштина изјави дека Србија и Косово се согласиле за нормализација на економските односи.
Тој го поздравил огромниот напредок што е постигнат.
– Навистина, ова е историско, се радувам на посетата на двете земји, во не толку далечна иднина – кажал американскиот претседател во Белата куќа.
По церемонијата, Трамп се огласи и на Твитер.
– Уште еден ден за кој сите мислеа дека е невозможен. Честитки за српскиот претседател Александар Вучиќ и за косовскиот премиер Авдулах Хоти за посветеноста за економска нормализација. Ова е голем чекор напред кој води кон просперитет и мир на Балканот и во светот. Горд сум што им помагав на овие лидери – напиша Трамп на Твитер.