Во авионот на летот од Приштина кон Базел, вчера попладне дошло до тепачка меѓу патници.
Според медиумите, станува збор за крвава тепачка, која продолжила по слетувањето на аеродромот во Базел.
Како што се додава, на сред аеродром патниците што се карале повторно се степале.
Аеродромската полиција ја потврди веста за тепачката за швајцарскиот дневен весник „Блик“, кој ја објави веста за конфронтацијата на паркингот на аеродромот меѓу двете семејства.
Според дневникот, двајца мажи биле уапсени поради тепачката.