Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави дека границата меѓу Албанија и Косово мора да биде отстранета еднаш засекогаш.
Тој по враќањето од Албанија, каде што вчера учествуваше на Самитот Брдо-Бриони, на Фејсбук напиша дека само што го поминал граничниот премин Морина, кој, како што наведува, неправедно ги дели Косово и Албанија.
– Оваа граница не е по волја на Косово и Албанија. Границите се реликти од минатото и мора да бидат отстранети еднаш засекогаш. Косово и Албанија треба да имаат слобода на движење и проток на стока во рамки со европските стандарди. Институциите на Косово и Албанија треба да донесат ваква одлука без одложување – напиша Тачи.