Беа потребни само десет минути за уништување на инфраструктурата на Халкидики и за трагедијата во која седум луѓе го загубија животот, а десетици беа повредени, во силното невреме кое експертите го оквалификуваа како супербура, пишува „То вима“.
Станува збор за невреме кое беше проследено со ветришта со бризина од 100 километри на час и над 5.000 грмотевици.
Грчките надлежни служби имаат намера да го искористат искуството за справување со идните ризици.
– Ги анализираме карактеристиките на феноменот и можеме да увидиме дека е единствен. Секој феномен е уникатен, но бевме изненадени бидејќи постојано се соочуваме со нови ризици. Мораме да се адаптираме на новите ризици, за чии карактеристики и обем немаме познавања. За ризиците кои ќе бидат со поголем интензитет и ќе загрозат поголема површина – истакна универзитескиот професор по динамика, Ефтимис Лекас, додавајќи оти дека напорите ќе бидат насочени кон изнаоѓање решенија за намалување на последиците во идните случаи.
Реткиот метеоролошки фенемен што го предизвика силното невреме на Халкидики веројатно се случува два пати во три години, според универзитетскиот професор по метеорологија и климатологија Теодорос Каракостас.