Српскиот Парламент усвои измени и дополнувања на Законот за избор на пратеници и измена на Законот за локалните избори со кои се намалува цензусот и се предвидува меѓу кандидатите најмалку 40 проценти да бидат жени.
Промените предложени од Српската напредна странка го намалуваат прагот од пет на три проценти и воведуваат поконкретни правила за учество на партиите на националните малцинства на изборите.
Српските пратеници го усвоија и предлогот на Демократската партија кој предвидува на изборните листи најмалку 40 отсто од кандидатите да се жени.