За осум месеци Србија загубила 260 милиони евра поради царините што ги воведе Косово.
Српскиот министер за трговија, Расим Љајиќ, изјави за „Новости“ дека за осум месеци, колку што се во сила царините на Приштина за производи од централна Србија, на Косово биле пласирани 260 милиони евра помалку стоки отколку во истиот период лани.
Тој предупреди дека долгорочните штети би можеле да бидат уште поголеми, а бизнисмените трајно да го загубат тој пазар.
Грција го зголеми извозот кон Косово за 3,5 пати во мај, Унгарија, Словенија, Бугарија и Хрватска за повеќе од 2,5 пати, додека Македонија за 50 проценти, објави весникот.
Царините од 100 проценти на српските производи беа воведени на 21 ноември минатата година