Српскиот амбасадор во Грција, Душан Спасојевиќ, вели дека Грција е заинтересирана да ја отвори границата за српските туристи и дека не треба да има сомнеж дека ќе стори сé за тоа да се случи.
Тој посочува дека северот на Грција живее од српски туристи и дека е сериозно погоден од одлуката за затворање на границата за српските граѓани во јули минатата година.
– Преговорите траат од средината на јануари. Грција е заинтересирана подолго време, тоа не треба да се доведува во прашање и има добра волја да ја отвори повторно границата за српските туристи – рече Спасојевиќ.
Тој потсетува дека во моментов во Грција можат да влезат возачи кои се вработени таму, сезонски работници, оние кои имаат живеалиште, сопственици на недвижнини, но и граѓани на Србија кои треба да поминат низ третман.
– Се надевам дека границата ќе се отвори, бидејќи има ефект врз целиот регион – рече Спасојевиќ, додавајќи дека ситуацијата во Грција денес е малку полоша од претходните денови, бидејќи бројот на нови пациенти е зголемен.