Воениот синдикат на Србија денеска објави дека за инцидентот во РТС се одговорни и власта и опозицијата, и дека ниту еден од учесниците во мировниот протест не знаел за намерата на некои политичари да се упадне во РТС.
-Ароганцијата во провоцирање на луѓето кулминираше минатата ноќ, а емитувањето на серија на првата програма на РТС за време на народна ескалација е врв на безобразлукот и понижување- нагласуваат од Синдикатот.
Во соопштенеито се додава дека армијата секогаш е со народот и луѓето на власт мора да знаат дека не треба да употребуваат сила против народот.
-Тоа мора да им биде јасно на оние кои се на чело на војската, кои носат важни одлуки и кои треба да го штитат уставниот поредок, а не поединците на власт- се вели во соопштението.