Основачот и лидер на грчката радикална десничарска партија Златна зора, Николаос Михалолијакос, е прогласен за виновен за управување и припадност на криминална организација
Грција
Со масовен протест и под драконски безбедносни мерки, со над 2.000 полицајци, хеликоптери и дронови, во судот во Атина се очекуваше изрекувањето на конечната пресуда за припадниците на десничарската организација Златна зора. По повеќе од пет години ќе заврши судскиот процес против 68 лица, меѓу кои и лидерот на партијата, Николаос Микалолиакос, и поранешни функционери, како и полициски службеници, кои се обвинети за злосторничко здружување зад фасадата на политичката организација.
Обвиненијата вклучуваат обид за убиство, илегално поседување оружје и бруталност кон противниците. Тие ги отфрлија обвиненијата и тврдат дека се работи за политичко заплашување.
Златна зора го доживеа политичкиот врв во 2012 година, во времето на економската криза на Грција. Тогаш доби 12 отсто од гласовите и беше најсилна партија во парламентот.
Промовирајќи радикално десни и расистички идеи на политичката сцена, Златна зора ги спроведуваше нив со помош на криминалци, кои тероризирале мигранти, лица припадници на ЛГБТ-заедницата и леви активисти.
Со убиството на левичарскиот активист, хипхоп-музичарот Павлос Фисос, во 2013 година, конечно се укажало на врските што партијата ги има со криминални структури. Судењето почна во април 2015 година, објави „Максфакс“.