Силно невреме со обилни дождови и грмотевици го погоди северниот дел од Грција, пренесоа грчките медиуми.
Најтешко се погодени островот Тасос и Халкидики, јави „Катимерини“.
На шест острови прогласена е вонредна состојба.
Обилните дождови предизвикаа поплави и свлечишта, па сообраќајот е блокиран во дел од погодените подрачја.
Во местото Панагија на Тасос, бурата носела автомобили. Критично е и на местото Лименарија на овој остров.