Двe лица се удавија кога нивниот закотвен рибарски чамец потона откако обилни дождови и грмежи ја зафатија Грција, соопштија денеска официјални лица на крајбрежната стража.
Невреме ја зафати западна Грција во текот на викендот, предизвикувајќи поплавување и прекин на сообраќајот.
– Чамецот на двете исчезнати лица потона поради силниот ветaр во пристаништето во Антирио – рекоа официјалните лица на крајбрежната стража. Двете тела беа откриени подоцна.
Поради силното поплавување, отсечени се делови од патната мрежа до Пелопонезискиот Полуостров, соопшти полицијата.
Цивилната заштита ги повика општинските власти да бидат претпазливи.
Пожарникарите добиле десетици повици од местото на настанот, а училиштата во атинската област се отворија два часа подоцна денес.