Пожар изби на траект во пристаништето Игуменица, во северозападниот дел од Грција, пришто беа евакуирани околу 600 лица.
Како што извести агенцијата „АНА“, на траектот имало 538 патници, 75 членови на екипажот и 293 возила кои требале да патуваат кон Венеција.
Пожарот избил во делот во кој се наоѓале возилата и набрзо бил ставен под контрола, пишува „Катимерини“.
Во прашање е 32.000 тони тежок траект кој може да собере над 1.800 патници. Причината за пожарот засега не е позната.