Бугарија
Од понеделник до 31 март се затвораат рестораните, казината, сите продавници за непрехранбени производи со површина од над 300 квадратни метри, трговските центри, спортските сали и базените, киносалите, музеите, забрането е и одржување конгреси и конференции, семинари, обуки, изложби, часови по танцување и слични настани од јавен карактер, најави вчера министерот за здравство на Бугарија, Костадин Ангелов, на брифинг во Владата.
Тоа значи дека се затвораат рестораните, а дозволени се само испораки, а во хотелите гостите ќе можат да јадат само во собите.
Во овој период ќе работат продавниците за храна, аптеките, оптичарите, банките, а дозволени се прослави, свадби и крштевки до 15 лица.
Министерот Ангелов ги повика политичките лидери да ги преземат неопходните активности за да ја докажат својата грижа за секој поединец во земјата.