Србија

Во Србија во тек е пријавување кандидати за доброволно служење воен рок под оружје, а избраните лица можат да почнат со „воената“ активност во декември. Пријавувањето на доброволците се врши преку центрите на Министерството за одбрана на Србија или преку електронското аплицирање, како и на шалтерите на „Пошта Србија“.
Потполковникот во српската војска Зоран Филиповиќ соопшти дека се зголемени платите на војниците што се на доброволно служење на воениот рок од сегашните 125 на 208 илјади динари.
Процедурата за прием во воената служба е поедноставена, а доволен е само еден лекарски преглед. Безбедносните и физичките проверки се вршат во текот на доброволното служење – информира Филиповиќ во разговор за РТС.
Служењето на воениот рок трае шест месеци и се извршува во една од трите касарни во Сомбор, Лесковац и Ваљево. По почетната обука, војниците се упатуваат во центрите за специјалистичка обука, кои се во Батајница, Ниш, Крушевац и Пожаревац. По три месеци обука, започнува колективната обука за професионална служба.