САД сакаат Грција да го предводи Балканот, истакна американскиот државен секретар, Мајк Помпео.
Државниот секретар на САД, за атинската телевизија „Скаи“, рекол дека САД сакаат стабилен Балкан, затоа што регионот е „полн со предизвици“ и дека сакаат да ја видат Грција да предводи, пренесува АНА.
– Сакаме нов почеток со новиот премиер Киријакос Мицотакис и неговиот тим да го предводат регионот напред и да создаваат стабилност низ целиот регион – порача Помпео.