Европската комисија ѝ испратила службено предупредување на Хрватска, со кое ја повикува да ги исполни своите обврски за исполнување на целите за зголемување на енергетската ефикасност, кои требаше да ги реализира до март минатата година.
Хрватска не ги доставила годишните извештаи за напредокот предвидени за 2019 година, кои се регулирани со Директивата за енергетска ефикасност. Без овој извештај, ЕК не може да го процени напредокот на одделни државни членки на ЕУ, што е дел од заедничката ефикасност на Унијата до 2020 година. Постигнувањето на заедничките цели е клучно во борбата против климатските промени. Хрватска има рок од два месеца да ѝ одговори на Комисијата, објави „Индекс“.
Европската комисија еднаш месечно ги објавува пакетот одлуки за прекршување на правилата на ЕУ со кои се преземаат правни процедури против државите-членки, кои не се придржуваат на обврските со европските законодавство.
Првиот чекор е испраќање службено предупредување. Доколку тоа не даде резултати, Комисијата го презема следниот чекор, кој содржи сеопфатно образложение. Потоа предметот се препраќа до Судот на ЕУ, чија одлука е обврзувачка.