Словенија се наоѓа пред можност за одржување предвремени парламентарни избори откако демохристијанската партија Нова Словенија (НСИ) се повлече од преговорите за формирање нова Влада.
Словенечкиот Парламент е поделен меѓу повеќе мали партии по јунските парламентарни избори, на кои победи десничарската Словенечка демократска странка (СДС) на Јанез Јанша, која сепак не е во можност да обебзеди парламентарно мнозинство.
Матеј Тонин, лидерот на Нова Словенија, за која се очекуваше да биде еден од сигурните партнери на СДС на Јанша, изјави дека се покажале поголем број можни конфликтни точки меѓу партиите кои разговарале за коалицирање.
– Ако работите одат тешко сега, како ли ќе биде во следните месеци, кога состојбите ќе бидат уште потешки?, изјави Тонин, чија партија има седум места од 90-члениот словенечки Парламент.
Марјан Шарец, чија новоформирана Партија на Маријан Шарец (СМШ) беше втора на изборите, исто така се обидува да формира коалиција на пет други помали партии, без СДС. Но, и овие преговори се одвиваат тешко, имајќи предвид дека шесте партии вкупно би имале околу 50 места.
Словенечкиот претседател Борут Пахор најави дека е можно одржување предвремени избори на есен, доколку ниту една од партиите не успее да формира владина коалиција.