Мирјана Марковиќ, сопругата на некогашниот претседател на СР Југославија, Слободан Милошевиќ, починала во болница во Сочи, Русија, на 76-годишна возраст, пренесува „Политика“.
Таа престојуваше во Русија од 2010 година, откако доби азил, бидејќи беше во бегство од правосудните органи во Србија. По неа беше распишана потерница во рамки на истрага за злоупотреба на доделувањето на државни станови.
Марковиќ беше и претседателка на партијата Југословенска левица (ЈУЛ).