Силно невреме го зафати Белград, во кое ветрот откорна дрвја, а обилните врнежи ги поплавија улиците. Водата навлезе дури и во градските автобуси.
По големото невреме, патниците на линијата 37 во Белград го опишале искуството како „речен сообраќај“.
Автобусот е снимен како се пробива низ водата која навлегува во возилото. На социјалните мрежи се споделуваат и видеа на кои возилата пловат по водата во една од белградските улици.