Над 247.000 лица и семејства во Бугарија аплицирале за помош за греење за претстојната зимска сезона. Од нив на 189.361 им е одобрено барањето за посочената помош, соопшти министерот за труд и социјална политика Бисер Петков, повикувајќи се на податоци од Агенцијата за социјална помош.
Во текот на истиот период минатата година, 203.401 лице и семејство аплицирале за социјална помош за греење и се издадени 154.982 налози за таква помош.
Аплицирањето за енергетска помош започна на 1 јули и ќе трае до 31 октомври. Луѓето што имаат потреба од ваков вид социјална поддршка можат да се пријават во канцелариите на подрачните единици на министерството.
Вкупниот износ на помош исплатена од Агенцијата за социјална помош ќе се зголеми за 91,75 лева – од 374,15 лева до 465,90 лева. До крајот на август, 40.626.065 лева им се исплатени на вкупно 92.171 лице и семејство – т.е. скоро 50.000 повеќе отколку во 2018 година.