Словенечката полиција откри повеќе од 13 килограми хероин во меѓународен патнички воз кој патувал од Турција за Австрија, што е меѓу најголемите заплени на дрогата во Словенија годинава. Според словенечката полиција, дрогата била откриена при проверка на воз на станицата Добово, при влез на возот во Словенија и била во вагон што го користел персоналот на возот.
Криминологот од полициското одделение Ново Место, Франце Божичник, на прес-конференција изјави дека биле пронајдени повеќе од 13 килограми хероин во 25 пакети кои биле скриени во тобра која му припаѓала на 35-годишен српски државјанин.
Еден српски државјанин, кој бил дел од персоналот на возот, е уапсен и задржан во притвор и се соочува со затворска казна од 5 до 15 години ако биде осуден за трговија со дрога. Полицијата се сомнева дека осомничениот е дел од поширок криминален ланец шверцери и дилери на дрога и спроведува понатамошни истраги, пришто проценетата вредност на запленетиот хероин е 1,33 милиони евра.