Пожари избувнаа синоќа во Црна Гора на непристапен терен во близина на селото Црквине кај Колашин, како во кањонот на реката Морача.
Командирот на Службата за заштита и спасување на Колашин, Жељко Дармановиќ информира дека пожарот кај Црквине беснее на неколку локации и поради непристапноста на теренот пожарникарите не можат да го спречат неговото ширење.
– Огнот се заканува да зафати големи површини и да се прошири во правец на други села, додаде Дармановиќ.
Во исто време, пожар беснее и во кањонот на реката Морача, но тој засега не претставува закана за населените места.