Пожар избувна попладнево во реонот на хрватскиот приморски град Омиш, поради што во прекин е сообраќајот на дел од Јадранската магистрала.
Силниот ветер продонесува за брзо ширење на пожарот кон запад, кон тешко пристапен терен.
Огнот зафатил и две цистерни на Доброволното противпожарно друштво од Омиш, чии припадници дошле да го гасат пожарот.
Во справувањето со пожарот на пожарникарите им помагаат и четири авиони.