По низата земјотреси во текот на ноќта и утрово со епицентар во Албанија, околу 10:20 часот силен потрес ја погоди и Босна и Херцеговина.
Според податоците на Европскиот медитерански центар, земјотресот бил со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на подрачјето на Херцеговина, 77 километри јужно од Сараево, на длабочина од 10 километри.
Силниот земјотрес од 6,3 степени што ја погоди Албанија утринава во 3 и 54 часот беше почувствуван во целиот Балкан, како и во Италија.