Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави денеска дека Хрватска ќе го зголеми бројот на војници во рамките на мисијата КФОР на Косово.
За време на неговата посета на седиштето на НАТО во Брисел, Пленковиќ рече дека тоа ќе се случи во следните неколку недели.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека Хрватска придонесува во разни мисии и операции.
– Во Ирак, помагање во борбата против меѓународниот тероризам, на Косово, помагање во стабилизирање на тој дел од Западен Балкан, на Балтикот и во поморските операции – рече Столтенберг пред средбата со Пленковиќ.