Нов случај на коронавирус е регистриран во Србија. На интернет-страницата „Ковид19.рс“ објавено е дека до 18 часот во Србија се регистрирани пет случаи на зараза со коронавирус.
До 18 часот во националната референтната лабораторија на Институтот „Торлак“ тестирани се 117 лица, кои ги исполнувале критериумите на дефиницијата на случаите.
Владата на Србија одржа состанок, на кој се донесени мерки поради коронавирусот, а издадени се и препораки за училиштата и градинките.
Премиерката Ана Брнабиќ најави состанок во Претседателството на Србија со епидемиолозите, лекарите, како и со министерот за образование.
Петтото лице во Србија заболело од коронавирус од истиот извор како и двете девојки од Белград кај кои претходно беше откриен вирусот, пишува „Новости“.
Се работи за маж од Белград, кој исто така бил во контакт со жената од Швајцарија. Таа престојувала на гости во Белград.