Софија – Бугарското обвинителство го повика премиерот Бојко Борисов на сослушување во рамките на истрагата против претприемачот Пламен Бобоков. Премиерот на Република Бугарија ќе биде повикан на рочиштето како сведок, се наведува во соопштението на обвинителството. Минатата недела, Бобоков рече дека се обратил кон Борисов за помош за решавање на проблемот со либискиот танкер, кој бил задржан во Бугарија. („Капитал“)
Париз – Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел ќе организираат самит на 10 јули, на кој претставниците на Белград и на Приштина ќе бидат домаќини преку видеоконференција. Како што беше речено во германскиот МСП, повторното воспоставување на политичкиот дијалог со кој посредува Европската Унија, меѓу Белград и Приштина и другите регионални прашања на Западен Балкан, треба да се случи без одложување. (АФП)
Подгорица – Членот на медицинскиот штаб и директор на здравствениот центар во Подгорица, Небојша Кавариќ, не ја исклучи можноста за затворање на главниот град на Црна Гора, каде што во моментот се активни 118 случаи на инфекција со коронавирус.
– Доколку граѓаните не се одговорни и не ги намалат нивните дневни обврски, ние ќе и предложиме на НКТ да воведе дополнителни мерки за подрачјето на Подгорица – рече Кавариќ. (Радио Црна Гора)
Бисер балкански
Пратеници со сто гласа
На изборите во Хрватска пратеници станаа и кандидати со освоени стотина гласа, а доколку зад нив не застанеше партијата, тие во собраниската зграда можеа да влезат само како гости, и тоа со претходно најавување за посета. Во Хрватска граѓаните гласаат на преференцијални листи и со своите гласови го одлучуваат редоследот на пратениците за добивање пратеничко место.
Како најкарактеристични случаи на последните парламентарни избори се издвојуваат Жељко Реинер, кој беше потпретседател на хрватското собрание, кој освои 538 гласа, но на листата на ХДЗ бил на второ место. Никша Вукас, еден од најблиските соработници на опозицискиот лидер на СДП, освоил само 123 гласа. Тој влезе во парламентот затоа што беше на третото место на партиската листа.
Но има и позитивни примери, како што се Синиша Хајдаш Дончиќ и Пеѓа Грбин, кои освоија пратеничко место иако биле последни на листата за пратеници.