Подгорица – Министерството за одбрана на Црна Гора склучи договор со белградска компанија за набавка на четири нови дрона. Вредноста за набавката на дронови изнесува 322.000 евра. („Побједа“)
Сараево – Амбасадорот на Босна и Херцеговина Ерик Нелсон изјави дека е „очигледно дека Дејтонскиот договор и дејтонскиот устав треба да се реформираат“.
– Секој устав треба да биде жив документ што се дополнува и мора да се дефинира постапката за носење амандмани. Секоја земја сфаќа дека ѝ е потребна реформа и очигледно е дека и на Уставот на БиХ му е потребна реформа – изјави Нелсон. („Аваз“)
Загреб – Само за 12 месеци, од крајот на јуни минатата година до крајот на јуни годинава, бројот на вработени во Хрватска се намали за повеќе од 73.000. Во исто време, бројот на невработени се искачи на над 150.000. Намалувањето на бројот на вработените и скокот на бројот на невработени се директни последици од корона-кризата. („Индекс“)
Бисер балкански
Историски митови и заблуди
– Нашиот однос кон минатото е крајно селективен, а премногу често и со стереотипи и произволен. Многу од нас од историјата на сопствениот народ го избираат тоа што им се допаѓа и тоа го афирмираат без влегување во суштината и без каква било потреба за подлабоко разбирање, досега сето тоа што не им се допаѓа едноставно го игнорираат, фалсификуваат или целосно го занемаруваат. Поради тоа често доаѓаме во опасност недоволно да ги разбереме поединечните периоди од сопственото минато, а особено на закономерноста што се однесува на тоа дека историјата често се повторува – рече Дејан Ристиќ историчар и автор на книгата „Митови на српската историја“, која беше продадена во 10.000 примероци, а која доби и свое продолжение со книгата „Заблудите на српската историја“.
Тој вели дека материјал за следната книга има доволно, односно во онаа мера во која луѓето се подготвени да ја посветат довербата кон псевдоисторичарите, кои нѐ посипуваат со секакви небулозни тврдења, и колку се посветени да ги отфрлат, омаловажат или негираат знаењето и вештините што се стекнуваат со долготрајното школување.