Атина – Грција ќе распише меѓународен тендер за концесија на десет големи регионални пристаништа, изјави грчкиот министер за морска пловидба и островска политика Јанис Плакиотакис. Тој најави и создавање национална стратегија за крузери, а соопшти и за новата инфраструктура во пристаништето Пиреја, но и за финансирањето на 39 пристаништа. Програмата на државната инвестиција изнесува 4,4 милијарди евра. („Република“)
Тирана – Албанскиот претседател Илир Мета и премиерот Еди Рама одговорија на иранската закана и коментарот на ајатолахот Али Хаменеи дека Албанија заговарала со САД против иранскиот режим. Мета додаде дека „Албанија не е ѓаволска земја, туку демократска, која страдаше под невидена ѓаволска диктатура, па затоа човековите права ѝ се свети“.
Премиерот Еди Рама, кој пред една година го протера иранскиот амбасадор, запрашан за можните опасности што ѝ се закануваат на Албанија од присуството на членовите на МЕК во земјата, рече дека не е „изненаден“ од коментарите на Хаменеи. („Локално“)