панорама


Бисер балкански

Шешељизација во 21 век!

– Ѝ верувам на денешната Црна Гора, на Црна Гора во 21 век не ѝ се потребни вакво политичко однесување и дејствување во црногорскиот парламент. Не ни треба шешељизација на црногорскиот парламент. Потребен ни е дијалог и кога се разликуваме, затоа што во тој дијалог разликите може да бидат помали, а нивото на разбирање повисоко. Го осудувам овој чин, што е непримерен и неодговорен кон другите пратеници и кон граѓаните. Предлозите што доаѓаа од Демократскиот фронт беа уцена – Душко Марковиќ, премиер на ЦГ, по повод инцидентот по парламентарната расправа за Законот за слободата на вероисповед.