По убиството на Марио Исаку (18) во грчкиот град Кавала, остро реагираше албанското Министерство за надворешн работи, искажувајќи голема загриженост за, како што вели, серијата убиства на Албанци во Грција.
– Остро ја осудуваме позадината на екстремизмот и говорот на омраза што ги придружува овие настани во соседната земја и ги повикуваме грчките власти да ги осудат и да спречат какви било обиди на Златна зора или на други екстремистички сегменти да се закануваат на безбедноста и достоинството на Албанците, кои работат и придонесуваат во соседната земја – стои во во реакцијата.
Министертвото искажува загриженост „за серијата убиства на Албанци“ и во исто време се сочувствува со нивните семејства.
– Во услови кога нашите сонародници го чувствуваат притисокот на невидена кампања на омраза и насилство, ја изразуваме заложбата на албанската држава да им обезбеди на жртвите и на нивните семејства потребна правна и финансиска поддршка за заштита на нивните основни права како членови на најголемата емигрантска заедница, која живее и со децении придонесува во Грција – се наведува во реакцијата.
Безживотното тело на младиот Исаку, роден во Кавала во 2000 година, а по потекло од Албанија, е пронајдено синоќа. Ова, според министертвото е четврто убиство на албански граѓанин во последните две недели.