Најавеното покачување на цените на патарините на автопатот „Игнација“ од 1 јануари нема да стапи во сила бидејќи сѐ уште не постои одобрение од Европска комисија, изјави директорот на „Игнација“, Апостолос Антонудис, јави дописничката на МИА од Атина.
ЕК сѐ уште не ја одобрила заедничката министерска одлука потпишана летово од министрите за финансии и транспорт на Грција за покачување на цените на автопатот во Северна Грција што ги поврзува Еврос и Игуемница, поради што од 1 јануари 2019 година, цените остануваат исти.
Со одлуката на грчката Влада беше предвидено да се зголемат од 66 отсто до 150 проценти цените на патарините.