Од болести на срцето и крвните садови во Србија секој ден умираат по 147 луѓе, а само лани крадиоваскулартните болести биле причина за смрт на 53.668 луѓе, јави Танјуг.
На секој час, од таков вид болести, животот го губат по шест луѓе. Таа неславна статистика е причина Србија да биде на третото место во светот по број на починати од тој вид болести, веднаш по Русија и Украина.
– Од кардиоиваскуларни болести во Србија дневно умираат по 147 луѓе, што на годишно ниво е повеќе од 53.000 смртни исходи, вели за Танјуг, Верица Јовановиќ, директорка на Институтот за јавно здравје на Србија.
Во светот, од кардиоваскуларни болести дневно умираат околу 47.000 луѓе, што е околу 17,5 милиони смртни случаи на годишно ниво.
Светскиот Ден на срцето оваа година се одбележува на 29 септември.