Пред претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, во присуство на премиерот Алексис Ципрас новите членови на грчката влада положија свечена заклетва во претседателската палата.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, свечена заклетва положија вкупно 19 министри, заменици и алтернативни министри, меѓу кои 13 се нови, а останатите добија нови функции и позиции.
Дел од нив, вкупно седум одбраа религиозна свечена заклетва пред епископот Клими, а другите 12 – политичка.
Традиционално по секоја свечена заклетва, следи примопредавање на функциите во министерствата, а новиот владин состав одржува министерски состанок.
Прва владина седница се очекува да се одржи утре.