Дошло до силна експлозија во кругот на фабриката „Слобода“ во Чачак, а вечерва биле почувствувани и неколку послаби детонации, објави РТС.
Тројца работници се полесно повредени и тие се пренесени во болница, според првичните информации. Четири екипи на брзата помош се кај фабриката, но противпожарната служба уште не им дозволува да влезат во кругот на фабриката.
Градскиот штаб за вонредни ситуации наредил евакуација на граѓаните од кругот на фабриката.
На 4 јуни се случи експлозија во магацин на фабриката „Слобода“ при што немаше повредени.