Во Хрватска денеска дојде до промена на времето, а бура, грмотевици и град го погодија хрватското крајбрежје, додека пониските предели ги зафати и снег.
Денешните прогнози покажуваат дека во Хрватска покрај намалувањето на температурата дождот постепено ќе преминува во снег, а на брегот е вклучен дури и црвен метеоаларм.
Долж крајбрежјето врнело дожд, имало и појава на град, бура, но и снег, а регистрирани се и голем број удари од гром.
Во Горски котор дождот преминал во снег и формирал снежна покривка.