Српските медиуми објавија дека Русија во Србија доставила ракетен систем С-400, како и една батерија од системот „Панцир“.
Како што објави РТС, системот С-400 бил доставен со голем транспортен авион „Ан-124 Руслан“. Ова е првпат системот да биде дел од воени вежби надвор од Руската Федерација.
– За време на вежбата, руските и српските единици заеднички ќе извршуваат задачи за извидување, следење, класификација и уништување на цел опсег на цели во воздухот – се вели во соопштението за воената вежба.