Словенечката полиција открила 30 државјани на Ирак, Сирија, Иран и Авганистан скриени во запечатени вагони со глина во обид да влезат во земјата од Хрватска, на граничниот премин Добова.
Според полициjата, мигрантите буквално затрупани со глина, во обид да се сокријат.
Полицијата соопшти дека условите во запечатените вагони се опасни по живот, пред се поради недостаток на кислород и дека горниот слој од глина се стврднал, формирајќи опасна кора, пренесува агенцијата „Танјуг“.
Меѓу мигрантите во возот кој патувал во Словенија од Србија, имало 12 деца на возраст меѓу пет и 14 години, како и жени од доцна фаза од бременоста.
На тројца мигранти било неопходно да им се укаже итна медицинска помош.